
Во соопштението на компанијата се наведува дека упадот во базата на податоци со лозинките и другите нефинансиски податоци е извршен во период меѓу крајот на февруари и почетокот на март. Сепак, компанија објасни дека немаат никакви докази и податоци дека имало неовластени активности на корисничките профили.
Компанијата нагласува дека најдобриот начин за да се заштити безбедноста на корисниците е итното менување на лозинката.
Ebay има околу 128 милиони активни корисници, а минатата година, на нејзините страници се извршени трансакции во вредност од 212 милијарди долари.