
Насловот е „Batman v Superman: Dawn of Justice”, а воедно го објави и логото за истиот. И овој дел ќе биде во режија на Зак Снајдер, а главните улоги ги толкуваат Хенри Кавил и Бен Афлек.
Кавил повторно ќе се појави во улогата на Супермен, додека пак улогата на Бетмен му беше доделена на Бен Афлек. Негативецот Лекс Лутор ќе го толкува актерот Џеси Ајсенберг.
Сценариото за филмот уште не се открива, но претпоставките одат во насока на тоа дека ќе биде еден вид вовед во приказната на Justice League кој исто така ќе го режира Зак Снајдер.
Премиерата на „Batman v Superman: Dawn of Justice” е закажана за 6.мај 2016-та.