
Фризерот од Кентаки Ричард Хаџинс одлучил година дена да оди бос. Станува збор за кампања – собирање пари за децата од Кенија кои исто така одат боси но не по своја желба и тоа цел живот!
Хаџинс од декември оди бос на работа, го носи детето во школо, и ги обавува сите секојдневни обврски. Засега најтешки потешкотии му задала острата зима во Кентаки со снегот и температурите под нула.
Мразот не е толку страшен, страшен е снегот бидејќи стига речиси до колена – вели Хаџинс.
Тој настојува да собере 25 000 долари во донации до крајот на годината и потоа да ги испрати во градот Нарок во Кенија каде на децата им е потребна униформа и чевлички за да можат да одат во училиште. Засега собрал 4000 долари.
Ако Хаџинс ја оствари својата цел тоа ќе овозможи купување на издржливи чевли за повеќе од 800 деца.
