
Со цел крвната слика да ви биде подобра, доволно е овој сируп да го конзумирате два пати годишно.
Ако сте омалаксани, се чувствувате уморно, време е да ја проверите крвната слика. Но пред да одите на лекар обидете се на природен начин и со природни состојки да ја подобрите својата здравствена состојба како и крвната слика.
Состојки:
1 кг цвекло
½ кг моркови
Сок од еден лимон
2-3 портокали
2 кисели јаболка
1 тегла мед
Цвеклото, морковот и јаболката се лупат и се цедат со помош на соковник. Исто така се цеди сокот од лимонот и портокалите кој се додава во претходниот сок. На крај се додава теглата мед, најдобро ливадски, бидејќи е најлековит поради различните билки.
Се добро да се промеша се додека медот не се стопи и не се соедини со сокот. Готовиот сируп се чува во стаклено шише. Се добива околу 2 литри сируп што е доволно за 15-20 дена. Сирупот се пие секое утро на гладно по еден филџан се додека не се потршоши количината.