Една мајка ја донела најтешката одлука во животот и направила нешто незамисливо – му помогнала на своето дете да умре

popara12 ноември, 20141min00
9

Ненси Фицморис била родена слепа со хидроцефалус, менингитис и септикемија, не можела самостојно да оди, јаде и пие. За жал, нејзиното здравје со тек на годините се влошувало, а честопати ниту морфиумот и кетаминот не можеле да ѝ ги ублажат болките.

Нејзината мајка Шарлот знаела дека болката која што ја трпи ова 12-годишно девојче е нешто што е многу тешко да се поднесе. Таа верувала дека нејзината ќерка заслужува да почива во мир и дека мора да добие право на смрт.

Шарлот со молба, во која образложила зошто Ненси би требало да добие достоинствена смрт се обратила во суд. Нејзината молба ја поддржале и таткото на Ненси, како и болницата во која се наоѓало девојчето.

„Мојата ќерка веќе не е моја ќерка. Таа е само една сенка. Светлото од нејзините очи исчезна, а го замени стравот и желбата за мир. Ненси, денес ги молам во твое име, бидејќи верувам дека доволно претрпе. Срцето ми се крши додека те гледам како се мачиш“, пишувало во молбата.

Нејзината молба била веднаш прифатена, што претставува преседан, па ова е прв пат во Велика Британија дете кое самостојно диши и не е на апарати за одржување, да добие дозвола за смрт.

„Љубовта и посветеноста на мајката се очигледни. Можеби пред неколку години Ненси имала прилика и да ужива во животот, колку-толку. Но, сега тоа не е случај“, рекла судијата Кинг. „Детето пати и вреска од болки по цел ден.“

Мајката на несреќното девојче вели дека еден викенд бил пресуден да донесе ваква тешка одлука. „Цел викенд плачеше од болки. Тоа би продолжило и во наредните месеци. Ме убива тоа што не можев да ѝ помогнам, дури и медицинските сестри плачеа од немоќ. Сакам само мојата ќерка да умре достоинствено, додека ја држам за рака.“

Ненси починала 14 дена откако судот ја донел одлуката, опкружена со своето семејство.

„Мојата Ненси сакаше да ги слуша птиците и децата како си играат. Се трудев да ѝ овозможам најдобар квалитет на животот кој дете во нејзината ситуација би можело да го има. Последниот ден од нејзиниот живот беше најтешкиот ден од мојот. Ми недостасува моето девојче секој ден и никогаш нема да си простам себе си, но знам дека тоа беше најдобро за неа. Сакам родителите да знаат, иако никогаш нема да ја прежалат својата одлука, дека е во ред ако така сакате да му овозможите мир на своето дете. Тоа не значи дека не го сакате. Мојот живот веќе никогаш нема да биде ист“, раскажала Шарлот

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma