Ексклузивно интервју: Од доставувач на пица до убиец на Бин Ладен

12 ноември, 20140
8
Поранешниот американски маринец, 38-годишниот Роберт О’Нил, во вчерашното интервју за “Fox News” се декларирал себе си како убиец на Осама бин Ладен и зборувал за случките кои ѝ претходеле на ликвидацијата на лидерот на Ал Каеда.

Во првиот дел од интервјуто О’Нил го опишал својот пат од доставувач на пица во Монтана до член на “Тимот шест”, елитната група во рамките на американските “Фоки”.

Тој се потсетил на емотивните писма кои ѝ ги праќал на тогашната сопруга и децата, и на телефонските разговори со својот татко на кого му се јавил мислејќи дека ќе загине или ќе биде заробен во ризичната операција која на 2-ри мај 2011-тата година ја наредил претседателот Барак Обама.

“Сè уште се обидувам сфатам дали е тоа најдобра или најлоша работа која ја имам направено. Тоа е нешто со кое ќе морам да се носам секој ден и не сум сигурен како тоа ќе влијае на мојот живот”, рекол поранешниот маринец.

Роберт О’Нил пред убиството на Бин Ладен престојувал во Мајами, каде што учествувал во обука за нуркање.

Тогаш му било кажано дека е одбран за специјална мисија, но бидејќи не добил доволно информации, претпоставил дека оди во Либија да го зароби Моамер Гадафи. Подоцна дознал дека ќе има друга мета.

За време на подготовките за операцијата “Копјето на Нептун”, О’Нил со колегите “Фоки” тренирал на терен кој потсетувал на куќата во пакистанскиот град Аботабад, во која наводно се криел Бин Ладен.

Планот бил една група специјалци да упаднат во куќата, втора во дворот, а трета на кров, а О’Нил требало да биде лидер на втората група. Меѓутоа, кога дознал дека Бин Ладен најверојатно се крие на последниот кат, доброволно се пријавил да оди на кровот.

Убеден дека ќе умре, маринецот преку писмо му се извинил на своето семејство, а на своите деца дури им посакал и среќа на венчавките. Кога се вратил од Пакистан веднаш ги скинал тие писма.

“Не сакав да ги прочитам. Наместо нешто ужасно, се случи нешто величествено”, рекол тој.

Додека со хеликоптер патувал во Пакистан, се обидувал да се смири со броење наназад и со повторување на говори од Џорџ Буш кои ги смета за патриотски. Деталите од убиството на Бин Ладен ги изнел во вториот дел од интервјуто, кое ќе биде емитувано денес.

Неколку припадници на “Фоките” изјавиле дека се сомневаат во тврдењето дека О’Нил е убиецот, а Пентагон најавил можност за тужба поради откривање на доверливи информации.

 

https://www.youtube.com/watch?v=AORT16D6y4U#t=261

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi