Едноставно и брзо: Направете ја фантастичната Ледолина торта

8 декември, 20140
7

Состојки:

500 мл млеко

500 мл павлака за шлаг

12 лажици густин или 110 гр

1 ванилин шеќер

10 дкг чоколада за готвење

10 дкг бела чоколада

4 лажици шеќер

Кутија пишкоти или помала кутија бисквити во варијанта за торта или колачи

Подготовка:

Измешајте го млекото и павлаката за шлаг и од таа количина одземете околу 2 дл за да го растворите густинот со шеќерот.

Остатокот од течноста ставете ја на оган и кога ќе зоврие додадете го растворениот густин. Кремот релативно брзо се згуснува па затоа не е потребно долго време да се вари, околу 2-3 минути.

Кремот поделете го на два дела. Во едниот дел додадете рендана чоколада и мешајте енергично додека се стопи, а во другиот дел додадете бела чоколада и добро измешајте.

На дното од калапот за торти ставете пишкоти натопени во млеко или бисквити па веднаш премачкајте прво со темниот, а потоа и со белиот крем.

Ставете ја тортата во фрижидер добро да се олади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi