Ефикасна диета со портокал за брзо слабеење

popara12 мај, 20141min00
14

Сакате брзо да слабеете? Ви предлагаме ефикасна диета со портокал. Со помош на ова четири дневна диета килограмите се топат брзо, а ќе се чувствувате одлично затоа што во организмот ќе внесете многу витамини.
ПРВ ДЕН
Утрински појадок: Мусли со портокал
Измешајте три исечкани суви сливи кои се пред тоа потопени во сок од портокал, еден исечен портокал, јаболко, три лажици мешани снегулки и 100 милилитри јогурт. Преку сето ставете сусам.
Ручек: Пилешко со жалфија
Два мали копани зачинете со сол, пипер и со зачини по ваша желба и испечете ги. Додадете исечкан лук и три ливчиња жалфија. Прелијте со 60 милилитри супа и две лажици вермут и нека се печи уште пет минути. Тргнете од рерната и додадете исечен портокал и две лажици кајмак.
Ужина: Сок од портокал
Вечера: сендвич со свежо сирење
Парче ржан леб намачкајте со свежо сирење и преку тоа ставете шест парчиња портокал. Уз сето ова испијте чаша млеко.
ВТОР ДЕН
Утрински појадок: Мусли со цитруси
Измешајте портокал, грејпфрут, лажица исечкан бадем, лажица ореви и 150 милилитри јогурт.
Ручек: Салата од морков
Измешајте 150 грама изрендан морков, исечен портокал, малку ѓумбир, две лажици сок од портокал, сол, пипер, коријандер и бела винска киселина. Исечкан босилек измешајте го со две лажици масло и прелијте преку салатата. Сервирајте со две лажици кисела павлака.
Ужина: Коктел – чај
Подгответе 200 мл овошен чај, оставете го да се олади и додадете во чајот 50 мл сок од портокал.
Вечера: Тирамису
Натопете две парчиња двопек со три лажици експресо кафе и еден портокал. За крем измешајте 120 грама крем сирење и лажица мед. Преку ова додадете фстаци.
ТРЕТ ДЕН
Утрински појадок: Овошна салата
Измешајте банана, киви, круша, 50 грама суво грозје и портокал. Додадете сок од лимон. Направете прелив со лажица мед, 75 грама посен јогурт, малку ванила и сето тоа прелијте преку овошјето.

Ручек: Слатко – кисел ориз
Попарете 25 грама ориз. На загреано масло турете соја сос и испечено луто пиперче, лажица кечап, лажица винска киселина, малку сок од портокал и малку шеќер. Додадете три лажици супа и варете го мешајќи додека шеќерот не се стопи. Додадете пола лук, четврт морков, варете и додадете 80 грама исечена свинска шницла. Продолжете со варењето, зачинете и на крај додадете исечкан портокал.

Ужина: Фрапе со мускатен орев
Ставете во шејкер 150 мл сок од портокал, 100 мл сок од праска, лажица сок од лимон, лажица шуруп од манго и две коцки мраз. Измешајте, турете во чаша и додадете оревче.
Вечера: Печиво со сирење
Интегрално печиво намачкајте со две лажици крем сирење и ставете парчиња портокал.

ЧЕТВРТИ ДЕН
Утрински појадок: Овошје со афион
Сварете лажица афион со две лажици сок од портокал Оставете десет минути да се олади, па додадете 120 грама сирење. Одозгора ставете 25 грама суво грозје, 80 грама портокал, круша и јаболко и додадете уште сок од лимон и ванилин шеќер.

Ручек: Стек од мисирка
Сек од мисирка зачинете со сол, пипер и кари, па испечете го на малку масло. Извадете го, па во маслото додадете исечен лук, 50 грама кокосово млеко и 25 мл супа. Оставете да зоврие. Додадете сок од портокал, лажица мед, шафран и малку лут сенф, додадете сол, пипер и кари. На крај во сосот додадете исечен портокал. Сервирајте со ориз.

Ужина: Освежителен микс
Измиксирајте 40 грама банана и ананас, 100 мл сок од мандарина, сок од еден лимон, малку шуруп од јавор, малку ванила и оладен овошен чај.
Вечера: Салата од ориз
Попарете 50 грама ориз. Измешајте 30 мл сок од портокал, малку сок од лимон, 25 грама јогурт и 50 грама исечена банана. Измешајте со попарен ориз и наросете со фстаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag