Шеќерот е еднакво опасен по нашето здравје како и алкохолот и цигарите, потврдуваат докторите во Голема Британија по најновите истражувања.
Во Британија, докторите во склопот на спроведените проекти ῎Акција во врска со шеќерот῎, инсистирале на тоа да прехрамбената индустрија овој додаток во исхраната да го намали за 30% во сите производи во склопот на војната против дебелината.
Нутриционистите, се сложуваат дека шеќерот во храната е предизвикувач на тешките заболувања, но дека за разлика од алкохолот и цигарите предизвикува само психичка, но не и физичка зависност.
Со внесување на шеќерот во организамот се зголемува лачење на ендорфин поради што кај луѓето се создава зависност. Тоа се меѓутоа личности кои се хронично незадоволни со нивниот живот или се секојдневно под стрес. На овие луѓе единствено задоволство им причинува внесување на шеќер, затоа што тогаш во тој момент се чувствуваат убаво и пријатно. Меѓутоа, кога не го внесуваат шеќерот, не чувствуваат физичка зависност, туку само психичка.
Кај никотинот и алкохолот се чувствува физичка зависност и проблемот настанува кога не се внесува во организмот некое време, додека со шеќерот тоа не е случај.
Доколку личноста не зема шеќер, тогаш нема проблем, но штом ќе го вкуси едноставно не може да се запре на некоја нормална количина. Иако шеќерот не е штетен, како што е алкохолот и цигарите, можете да го загрозите здравје на подолги патеки. Зависноста од шеќер може да има епидемиски размери, па постојат луѓе кои секојдневно земаат по повеќе стотини грама благи посластици. Со прекумерното консумирање на шеќерот се празнат природните капацитети на панкреасот за лачење на инсулин. Сите органи имаат свој вроден и програмиран век на траење и доколку премногу ги злоупотребуваме ќе дојди до нивно предвремено трошење. Личности кои консумираат шеќер во големи количини се склони за добивање на дијабетес тип 2.
Шеќер може да содржи и колбасот и саламата но тие се минимални количини кои не му штетат на организмот. Проблемот е што денес производителите претерано додаваат шеќер во производите, дури и оние кои во себе содржат природна сахароза, како што е на пример овошје.
Нив обично ниеден вид на храна не можат да заситат освен благите. Точно е дека во некои производи би требало да се намали уделот на шеќерот. На пример, млечното чоколадо има околу 50 грама шеќер на 100 грама и често е премногу благо. Со намалување на шеќерот во производите би довело до зголемување на квалитетот и вкусот во исто време. Проблемот е што производителите наместо шеќер би требало да стават нешто друго, што е по правило поскапо од шеќерот. Проблемот на исфрлување на шеќерот е во суштина економски проблем на заработката на производителите.
Личности кои се зависни од шеќер никогаш не купуваат црно чоколадо, прво затоа што има 20% шеќер што нив не им е доволно, а потоа и затоа што какаото и сите алтернативи на млечните благи посластици многу поскапи.
Британските научници и доктори во склопот на проектот ῎Акција во врска со шеќерот῎ тврдат дека постепеното намалување на количината на шеќерот во готовите јадења, благите, безалкохолните пијалоци јавноста нема да забележи, но ќе се почувствува во вкупното намалување на калориите.
Тие веруваат дека намалувањето од 20 до 30 проценти шеќер со текот на времето ќе го намали внесувањето на калориите за околу 100 калории дневно.
Исто така, се апелира на компаниите да не ги рекламираат вештачките засладени пијалоци поради децата пред се, затоа што според истражувањата една лименка газиран пијалок содржи дури девет лажици шеќер.
One comment
mirjana
12 мај, 2014 at 21:13
ubavi i poucni textovi !