Од изворите на српски Пулс дознаваме дека и во втората сезона на “Х Фактор” улогата на ментор повторно ќе ја има Емина Јаховиќ Сандал.
Исто така и нејзиниот нов албум е веќе на сите пазари низ регионот каде што ќе се емитува “Х Фактор”. Оваа година се проширува и во Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина секако и Србија и Македонија.
Деталите уште не се познати, а во тимот на Емина не сакаа да коментират на оваа тема.