Ева Лонгорија: Би можела да го имам секој маж што ќе го посакам!

popara17 февруари, 201417min00
17

Секси актерката Ева Лонгорија вели дека после разводот со кошаркарот Тони Паркер си докажала сама на себе дека може да го има секој маж кој ќе го посака.

Убавицата со оглед на тоа дека бившиот сопруг ја изневерувал, западнала во тешка и длабока депресија па влетувала од врска во врска. таа беше во врска со неколку млади мажи, меѓу кои Ернесто Аргуељо, Едвардо Круз и Марко Санчез од кој Ева е постара 11 години.

Лонгорија потврдува дека младото месо и било предизвик.

Сакав себе си и на својот бивш сопруг да му докажам дека можам да го имам секој маж кој ќе го посакам. Секако младите мажи претставуваа голем предизвик – вели убавицата.

Во моментов е во врска со седум години постариот Антонио Бастон.