Таткото кој умира напишал писмо за својата 5 годишна ќерка! Погледнете што ја советувал…

popara17 февруари, 201418min00
18

Томи Атватер умира од тумор на мозокот, а од истата болест се разболела и неговата ќерка. Кели има само 5 години и го победила туморот два пати. Сепак постојат големи шанси туморот да се врати па нејзиниот татко собира пари за нејзиното лечење, а потребни се 820 000 долари.

Освен средства за лечење Томи на својата ќерка и напишал писмо со совети за животот што ја очекува…

Драга Кели, жал ми е што нема да те гледам како растеш, а многу би сакал. Кога само би можел да сторам или да кажам нешто, за да се чувствуваш подобро. Кога барем би немал тумор за да не мораш често да ме гледаш во ваква ужасна сотојба. Би сакал се да биде поинаку, но не е.

И рекол дека повеќето татковци и ќерки имаат децении на располагање за разговор, но дека тој ќе биде уште кратко со неа па затоа и напишал неколку совети за деновите кога таа ќе биде сама, без него.

Училиште

Сите велат дека е многу важно да се трудиш во училиште. Се надевам дека и ти ќе дадеш се од себе. Јас бев добар ученик, но тоа не ми донесе многу среќа во животот. Училиштето е важно, но имај на ум дека треба и да се забавуваш.

Дечковци

Сега сеуште не правиш разлика помеѓу момчињата и девојчињата, ги гледаш сите деца како свои пријатели. Но тоа ќе се смени кога ќе пораснеш. Со оглед на тоа дека јас нема да бидат тука за да те советувам во поглед на дечковците и нивните вистински намери, еве што ќе ти кажам. Тешко е да се опише чувството како е да се биде вљубен. Можеби се сеќаваш на моментите како јас и мама се смеевме и се гушкавме. Дали ја забележа искрата во нејзините очи? Тоа е искрата што ја носи секоја сакана и почитувана жена. кога ќе ја видиш таа искра и во неговите очи, ќе знаеш дека си ти сакана.

Секогаш избирај момчиња кои имаат убави манири и кои умеат да почитуваат жена. замисли си како пијат чај со нас и како разговараат со семејството во нашиот дом. Ако мислиш дека ќе се вклопуваат, значи дека си нашла пристојно момче.

Брак

Често сонувам за твојата венчавка и се замислувам со солзи радосници во очите како те носам до олтарот. Нема да можам тоа да го сторам, извини душо. Но ќе те гледам од небото тој ден и ќе бидам горд затоа што верувам дека ќе го најдеш вистинскиот кој ќе ја чува мојата мала принцеза.

Мама

Ти и мама понекогаш ќе се карате, особено кога ќе бидеш тинејџерка. Те молам запамети дека таа те обожува и ти го сака само најдоброто. Гушни ја мама кога ќе биде тажна и помагајте си една со друга во тешките времиња кога јас нема да бидам со вас.

Пријатели

Однесувај се со другите онака како што сакаш и тие да се однесуваат со тебе. Биди љубезна со сите, тоа е вистинскиот начин и тоа помага многу во животот.

Биди среќна

Никогаш немој да се забавуваш само 50%, забавувај се 100%. Нема смисла да ти зборувам да не бидеш тажна кога ќе ме нема, знам дека ќе бидеш. И би сакал тогаш да те гушнам силно, се додека не се насмевнеш…