Еве како изгледаат приватните авиони на најбогатите луѓе во светот

popara29 септември, 20141min00
747-8_VIP_CathedralK65126
На милијардерите луксузните приватни авиони на млазен погон повеќе не им се забавни,
иако врвниот “Gulfstream G650” чини неверојатни 65 милиони долари.
За уште поголем луксуз, светскиоте милијардери се вртат кон најголемите – Airbus и Boeing.

Boeing и Airbus со нетрпение ги прифаќаат барањата на ултрабогатите милијардери-клиенти,

кои од нив бараат да им направат практично “летачки палати”,

односно да ги редизајнираат нивните авиони така што да бидат во согласност со нивните екстравагантни желби.

 


Назад, кон крајот на 90-тите години од минатиот век компанијата која произведува комерцијални авиони започнала класичните седишта во авионот во економската класа да ги заменува со поудобни фотељи и места за забава. Со најновата поплава на милијардери од Русија, Блискиот Исток и Кина дојдоа и времиња во кои најголемите комерцијални авиони стануваат опција за приватен авион на најбогатите на светот.

 

 


Airbus во 1997-мата година отвориле екпозитури за производство на приватни верзии на своите авиони, а до денес продлае преку 170 од нив. Boeing со истото започнале година дена порано од нив, а до сега произвеле 195 авиони, а нарачни им се вкупно 217, пренесува Wired.

Според истражувањето “Студија за Милијардери” која ја направиле Airbus, најбогатите луѓе на светот сакаат да патуваат со семејството и со деловните соработници и партнери (особено милијардерите-клиенти од Блискиот Исток). Првата вистинска предност на преуредениот комерцијален авион, како Airbusa A380 или Boeing 747 Jumbo Jet е очигледна, а тоа е просторот.

Додека споменатите G650 превезуваат во просек по 8 патници, во редизајнираните приватни A380 може да собере и сто патници, доколку е потребно, зависно од желбите на милијардерот. Авион со толкав простор станува летачка палата или луксузен хотел со поглед кој го надминува погледот од било кој ресорт со пет ѕвездички на тло. Доколку се земе во предвид цената на авионите G650 која е се’ освен мала, тогаш дополнителната сума од 80 милиони долари за далеку поголемиот и полуксузно опремен Боинг 737 и не звучи така лудо. Секако, ќе им го оштетат буџетот на милијардерите за 280-300 милиони долари.

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag