На социјалните мрежи се врти една фотографија од сестрите Кардашијан на која тие се прикажани како средовечни тетки, со вишок килограми и демоде фризури и гардероба.
Се разбира дека станува збор за одлична фотомонтажа, но сепак доколку славните сестри Кортни (35), Клое (30) и Ким Кардашијан (34) не беа богати и славни благодарение на нивното реално шоу, се чини дека по некоја година ќе изгледаа како и секоја обична жена во САД.
За нивна среќа, благодарение на бројните естетски зафати, пластични операции, силикони, ботокс, брендирана гардероба и луксузен живот сестрите изгледаат како филмски ѕвезди.