Приказна која ги воодушеви сите: Бездомник ги дал сите пари на студентка за такси, а таа му вратила со фантастичен гест!

17 декември, 20140
2 copy

Несебичен потег на бездомникот Роби од англискиот град Престон, кој на млада студентка и ги понудил последните три фунти кои ги имал , за да го плати таксите до дома, го воодушевил светот, а она што е уште поважно, неговата добрина ќе биде повеќекратно наградена.

dominik

Имено, студентката Доминик Харисон- Бентзен (22) одлучила да се оддолжи на добромерноста па покренала страница за собирање на парични средства како би му помогнала да го плати толку потребниот депозит за стан.

Доминик после ноќното излегување на 4 декември сфатила дека ја изгубила банковната картичка. Немала готовина како би го платила таксито. Во тоа време и пришол бездомникот Роби и инсистирал да ги земе трите фунти што ги имал. Сакал да се увери дека девојката ќе стигне безбедно до дома.

Иако Доминик не ги прифатила парите, останала дирната со добродушниот гест на потполен странец, па одлучила да му помогне.

Наредиот ден објавив статус на Фејсбук и дознав дека не сум единствена на која и помогнал. Излезе дека ги враќал изгубените новчаници и го нудел својот шал на случајни минувачи како би се стоплиле.

Наредниот ден тргнала во потрага добродушниот Роби. Го пронашла четири дена подоцна, а ден после тоа, 9 декември, почнала на интернет да собира пари. Имало одзив на неверојатен број луѓе и досега се соберени повеќе од 10. 000 фунти.

– Божиќ е идеално време да размислуваме за луѓето околу нас, а не само за себе- порачала Доминик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş