Еве што му одговори Путин на Каспаров

10 октомври, 20140
25
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјавил дека се сомнева во способностите на Гари Каспаров како политичар, откако поранешниот светски шаховски шампион неодамна го опишал како најопасен човек на светот.

“Тој баш и не е добар политичар, но затоа е голем шахист”, рекол Путин во Новочебоксарск.

Путин одговорил на коментарот на Крисан Илјумжинов, директор на Меѓународната шаховска федерација, дека поранешниот шампион одбил да учествува на турнирот во Русија, загрижен поради политичката стабилност во земјата.

Путин на овие коментари одговорил дека секој е добредојден да игра на турнирот, вклучувајќи го и Каспаров, кој ја напуштил Русија во 2013. година, велејќи дека се плаши од политичко прогонство.

Агенцијата Reuters наведува дека Путин многу ретко во јавноста по име ги коментира своите критичари и противници.

Рускиот шахист и опозиционер Гари Каспаров минатата седмица го означил Владимир Путин како најопасен човек во светот, велејќи дека тој претставува поголема опасност и од Исламската држава.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi