Сега, кога пораснавте конечно разбравте дека…

10 октомври, 20140
24

Можеби блиските ви дадоа многу совети додека растевте, но сите заборавија да ви ги кажат овие 25 работи.

Дали сакаа да ве поштедат од пребрзо созревање или пак избегнуваа да ви го срушат бајковитиот свет – неважно.

Сега, кога пораснавте конечно разбравте дека…

1. Животот е полн со разочарувања.

2. И моментите на радост и среќа се моментите кога лицето ќе ве зaболи од смеење.

3. Ќе се заљубите… И ќе биде страшно! Но, ќе биде и возбудливо.

4. Ќе престанете да сакате… Или некој ќе престане да ве сака вас.

5. Ќе бидете со некој кој не ве третира како што заслужувате. И ќе ви треба многу време за да го разберете тоа.

6. Можеби нема да ја сакате личноста која ве сака вас… Без оглед колку и да се труди.

7. Дваесетите години во главно ќе ги поминете обидувајќи се да разберете кои сте, што сакате, каде одите…

8. Ќе скршнувате од правиот пат, многу често. И ќе ви треба многу време за да се вратите.

9. Некој ќе ви го скрши срцето и ќе ве боли повеќе отколку што можете да замислите.

10. Но, еден ден ќе соберете сили и ќе тргнете понатаму.

11. Ќе морате да работите на себе за повторно да се засакате. Тоа ќе биде нешто што ќе мора да го негувате до крајот на животот.

12. Ќе ви биде потребно долго време, но на крајот ќе разберете дека ова е единственото тело кое го имате… Па ќе мора да го чувате.

13. Не секогаш сите ќе ја гледаат вашата добродушност. Но, важно е да ја сочувате.

14. Ќе ви се случуваат лоши работи, а нема да знаете зошто… Ќе се прашувате зошто, секој ден, секоја ноќ, но ќе останете без одговори.

15. Ќе видите кои ви се вистински пријатели. За чудо, тоа ќе бидат оние на кои последни помисливте.

zivotni-vistini-koi-gi-sfativte-otkako-porasnavte-1.jpg

16. Луѓето за кои некогаш се боревте и бевте сигурни дека ви се најдобри пријатели – ќе станат потполни странци.

17. Ќе грешите… Повторно и повторно…

18. Често ќе се каете, без оглед на тоа колку често си кажавте дека нема.

19. Некогаш ќе посакате да кренете раце од сè.

20. Некогаш ќе мора да го признаете поразот… И тоа е прифатливо.

21. Ќе поминете низ големи успеси и падови со вашите родители и прилично доцна ќе разберете колку се всушност добри. Кога тоа ќе го сфатите, обидете се да им ја разубавите секоја секунда.

22. Луѓето ќе ве изневерат… Многу пати.

23. Кога ќе застанете на своите две нозе, цврсто на земја, разберете дека тоа е најдобрата награда која можете да ја добиете.

24. Ќе разберете и дека секоја минута во која посакавте да сте некој друг е трошење време.

25. Многумина ќе се обидат да ве повлечат надолу, но вие ќе научите со насмевка да ги одминете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş