Преку одбирање на омилената боја може да откриете каков партнер ви одговара

10 октомври, 20140
23

Една од најинтересните игри е одредувањето на тоа каков партнер ви одговара според некои детали.

Токму таков е и овој тест со кој преку одбирање на омилената боја од понудените, може да откриете каков партнер најмногу ви одговара.

Тоа не мора да биде бојата која најчесто ја користите, ниту бојата која би ја употребиле за декорирање на  домот, туку само боја која во овој момент ви се допаѓа визуелно најмногу.

Одберете една боја од понудените:

Зелена

Виолетова

Портокалова

.

.

.

.

.

.

Зелена

test-odberete-edna-boja-i-doznajte-kakov-partner-vi-odgovara-1.jpg

Вие сте практични и склони на тоа да водите сметка и за другите. Кога ќе го запознаете потенцијалниот партнер, тие ваши особини брзо го наведуваат да ви зборува отворено за себе, да се почувствува пријатно и да знае дека целосно го поддржувате.

Уште од почеток лесно гледате што му е важно. Слободно верувајте им на своите инстинкти, како и на својата способност да ги сослушате другите, бидејќи тоа може да ви помогне да разберете што сака од вас потенцијалниот партнер.

Важна ви е неговата интелигенцијата, бидејќи таа ви ја буди љубопитноста.

Кога одбирате брачен партнер, го одбирате оној со кој ќе се почувствувате сигурно, што и да значи тоа за вас (деца, пари, грижа или по малку од сè).

Личноста за која можете трајно да се врзете е онаа што би ја одбрале.

Предупредување: Тоа што сте отворени и делувате невино, по малку е и наивно и неискусно, а може и да ви ги отежни работите во наоѓањето партнер каков што сакате.

Луѓето понекогаш имаат погрешен впечаток за вас, па се разочарувате кога нема да го добиете она што сте го очекувале.


Виолетова

test-odberete-edna-boja-i-doznajte-kakov-partner-vi-odgovara-2.jpg

На почетокот, кај потенцијалниот партнер ве привлекува неговата енергија, но најмногу ви одговараат оние кои може да ве смират и кои прават да се чувствувате добро во своја кожа. Мажите ги привлекува малку подраматично однесување, а вашиот ентузијазам прави да се чувствувате силно. Покрај вас животот на партнерот му изгледа повозбудливо и чувствува бесконечни можности.

Верни сте, врските за вас се нешто сериозно. Кога одбирате партнер за брак, покрај тоа што задолжително мора да ви ги задоволи критериумите, најчесто се одлучувате за оној кој изгледа добро.

Оние кои одбираат виолетова боја, најчесто стапуваат во брак со згодни партнери.

Совет: На потенцијалниот партнер дајте му вистинска шанса. Немојте однапред да претпоставувате.

Судете за него според однесувањето, а не според тоа дали се вклопува во вашите замислени идеали.


Портокалова

test-odberete-edna-boja-i-doznajte-kakov-partner-vi-odgovara-3.jpg

Харизматични сте, лесно може некој да ве засака и многу пријателски сте настроени, што многу им се допаѓа на потенцијалните партнери.

Го користите допирот за да им ставите до знаење на потенцијалните партнери дека ги слушате и дека ви се важни, а тоа ви овозможува да ја видите реалната слика за тоа какви се ви се односите.

Почетно ве привлекува надворешниот изглед, но за трајна врска сепак, избирате според интелигенција.

Склони сте на тоа бракот да го сфаќате според заклетвата „додека смртта не нè раздели“. Градите однос со оние кои може да ве научат на нешто ново.

Оние кои одбираат портокалова боја стапуваат во брак со интелигентни партнери.

Предупредување: Кога ќе сретнете некого за првпат, често ја криете својата ранлива страна, па паметниот систем на одбрана кој сте го изградиле е сè што таа личност гледа.

Доколку, со текот на времето, не се отворите може потенцијалниот партнер никогаш да не ве запознае вистински.
Која боја ја одбравте?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *