Фатална грешка која може скапо да не чини на автопат

21 октомври, 20140
Фатална грешка која може скапо да не чини на автопат

За разлика од класичните двосмерни улици, автопатите обезбедуваат побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот. Меѓутоа, баш големата брзина на возилото со невнимание на возачот може да доведе до несреќа со трагични последици.

Возењето на автопат на изглед е едноставно. Автомобилите се движат на средната линија, која ја напуштаат само кога треба да претекнат некое возило пред нив, или кога се исклучуваат од автопатот.

Проблем може да се направи кога, на пример, се обидете од крајната лева лента (за претекнување), да се префрлите во лентата која служи за исклучување на возилата, особено ако немате добра прегледност.

Заради големата брзина на автомобилите на автопат, таквата грешка може да биде фатална. 25-годишната жена од Белгија која невнимателно се обиде да се исклучи од автопатот, предизвика тешка сообраќајна несреќа во која преживеа со голема среќа.

Видеото е вознемирувачко, но поучно за сите возачи кои имаат навика да изведуваат слични работи на автопат:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş