
Детективот Мек Адамс станал Фејсбук ѕвезда кога ја објавил фотографијата на која е прикажан тој со неговите 5 миленици.
Ништо не би било необично ако не станува збор за кучиња кои ги усвоил, а сите тие се глуви. Да, сите 5 убавци, за жал, не слушаат. Сепак, како што вели детективот Адамс, тие слушаат со нивните срца.
“Мојата сопруга и јас ги усвоивме бидејќи повеќето глуви кучиња остануваат долго во прифатилиштата, а потоа ги успиваат“ – вели Адамс.
