Се породи Хурем: Мерјем Узерли роди девојче!

popara12 февруари, 201417min00
2

Актерката Мерјем Узерли, на јавноста позната како Хурем од серијата Сулејман Величенствениот родила здраво девојче и го крстила Лара.

На својот Фејсбук профил поставила фотографија од рачето на својата ќерка, а под сликата и текст со кој му се заблагодарува на Бога што и дал здраво и убаво дете.

Откако актерката ја напушти серијата Сулејман Величенствениот, по која ја познава речиси цел свет, имаше напорен период во животот. Се обиде да се самоубие, а од Турција се врати во Германија со цел да се лечи од депресија, за набрзо да дознае дека е бремена. Врвот на нејзината драма се случи кога вереникот Кан Атес ја остави поради тоа што не сакала да абортира.