Германија ќе ги зголеми безбедносните мерки околу споменикот посветен на жртвите од холокаустот откако на интернет се појави видео клип каде се гледа како маж уринира врз споменикот.
“Овие инциденти се страшни и заслужуваат голема осуда“, изјавила министерката за култура Моника Гретерс.
Споменикот на жртвите од холокаустот е поставен блиску до американската амбасада во Берлин и претходно бил осквернавен од страна на неонацисти кои цртале кукасти крстови врз него, а во последниот инцидент полицијата не открила политички мотив.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ElKCT9Sn-FY