Го слушнавте ли новиот хит на Даз Флоу и Евгенија Чанчалова?

popara16 април, 20141min00
111

Дарко Иваноски, попознат како Даз Флоу, конечно реши да не почасти со нешто ново. Овој пат станува збор за песната „Разделба“ која претставува еден вид на хип хоп/рнб балада. Во песната, покрај Даз, се појавува и Евгенија Чанчалова чиј вокал ја прави оваа песна совршена. Таа воедно е и музички аранжер на истата,заедно со Дарко Илиевски.

Текстот, кој патем е близу до совршенство, е, секако, дело на Дарко Иваноски, а музиката и продукцијата се на Дарко Илиевски.

За песната е изработен и видео запис со текст, а за истото се погрижи Гордан Божиновски.

Судејќи според ова парче, кое ќе биде дел од новиот албум на Даз Флоу, не очекува уште една добра „плоча“ од Дарко.

httpv://www.youtube.com/watch?v=QhbSBbLsnCM

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag