
Во Колорадо луѓето ќе имаат можност да го пронајдат тоа што го сакаат, за прв пат е претставен автомат за марихуана.
Автоматот сè уште не е достапен, но самото преставување го привлече вниманието на медиумите, како и многу критики.
Од компанијата American Green, која ги произведува ZaZZ машините, велат дека со вграден систем ќе се проверува возраста на купувачите. Содржината е достапна единствено за оние кои низ скенер ќе покажат биометриска возачка дозвола, а со камерите дополнително ќе се проверува дали навистина станува збор за сопственикот на дозволата.
Според експертите, ваквите автомати ќе бидат хит во земјите каде е легализирана употребата на марихуана.
httpv://www.youtube.com/watch?v=UslD1mlqtPY