Го видела поранешното момче со друга, па…

popara21 декември, 20141min00
Го видела поранешното момче со друга, па…

26-годишната Русинка, Марија Артемјева, обвинета е за обид за убиство откако со својот автомобил го турнала автомобилот на поранешното момче од патот.

Според обвинението, таа на патот во Волгоград во автомобилот го видела своето поранешно момче Чаритон Анисимов со нова девојка, па во напад на љубомора и бес со својот автомобил удрила во неговиот – пишува порталот Точка,

28-годишниот Анисимов тогаш се обидел да побегне, но не успеал. Поранешната го стигнала, повторно го удрила и силно го истуркала од патот, а автомобилот буквално удрил во еден од столбовите на патот. И Анисимов и неговата девојка со итна помош биле префрлени во болница, но двајцата минале со полесни повреди.

Љубоморната девојка е обвинета за кршење на сообраќајните правила, предизвикување на штета и обид за убиство. Возачката дозвола веднаш и била одземена. Овој необичен напад на љубомора дошол и до медиумите, откако го снимила камерата од автомобилот за уапсената.

https://www.youtube.com/watch?v=BlIp4bfGUTE

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma