Дана, претворајќи се во човечки факел, се здобила со ужасни смртоносни изгореници на повеќе од 60% од телото, вклучувајќи го и лицето без кое останала. Оваа девојка во меѓувреме, станала медицинско чудо, бидејќи успеала да ја победи речиси сигурната смрт. Фотографијата на жената без лице под маска досега го обиколи светот безброј пати, а поводот за најновите потсетувања на нејзината чудесна судбина е најважното случување во нејзиниот живот после ужасниот напад – Дана во недела навечер ќе ја извади маската!
Таа ќе го стори тоа во живо во програма на австралискиот Канал 7 кога ќе има прилика пред неколку стотици милиони гледачи ширум светот, конечно да го види своето лице после 30 месеци и 30 болни операции.
Оваа девојка остана без нејзиното лице пред две и пол години, на 16-ти февруари 2012-та година, кога Натали Димитровска ја претворила во човечки факел. Натали била љубоморна на Дана затоа што разговарала со нејзиниот сопруг на една забава и тогаш одлучила да и се одмазди и, како што рекла, да го уништи тоа убаво лице. Долго време го планирала нападот…
Тој кобен ден Дана била дома. „Здраво Дана“, рекол женски глас. Пред неа стоела Натали, љубоморната сопруга на човекот по име Един, кој Дана го запознала на новогодишната забава. Секунда подоцна, Натали ја испрскала Дана со алкохолен раствор. Натали, инаку осудувана наркоманка, во тој момент, како што било кажано пред судот, држела стаклено луле за пушење кристален мет.
http://www.youtube.com/watch?v=UuUTBoxW_Pg
„Веднаш се претворив во факел“, раскажала Дана пред судот плачејќи и додавајќи дека секунда откако ја запалиле Натали и нејзиниот машки соучесник, смеејќи се побегнале од нејзиниот стан.
Дана ги преживеала изгорениците од трет степен кои и` зафатиле дури две третини од телото. Таа оттогаш, покрај душевната болка поради својот изглед, трпи и ужасни физички болки.
„Знам која сум, но истовремено сум и жената со беж маска. Немам никаков израз на лицето, не можете да ми ги видите носот, устата, само очните јаболкца, но не и веѓите. Го ценам тоа што оваа маска здравствено го направи за мене, но истовремено ја мразам од дното на душата. Без неа не би била таму каде што сум сега, но од друга страна, повеќе би ја трпела физичката болка отколку да ја носам и понатаму. Мојата изгорена кожа и моите лузни денес се дел од мене, но тоа не сум јас“, раскажува Дана.
Пред нападот, Дана сакала да се дотерува, шминка, да прави фризури и да ги лакира ноктите. Денес, се` е поразлично, таа никогаш веќе нема да носи обетки ниту да прави фризури бидејќи нема коса. Во меѓувреме, 28-годишната Натали Димитровска е осудена на затворска казна од 17 години поради нанесување на тешки телесни повреди со умисла. Плачела додека судијата и` ја изрекувал казната и и` објаснувал дека никогаш не сретнал човечко суштество кое е способно да остави друго човечко суштество во пламен и да се смее на тоа, наместо да повика помош.
Дана во недела навечер ја чека долгоочекуваниот момент, а таа за таа прилика вели: „Јас сум силна личност и највредното нешто што го научив од сево ова е дека никогаш нема да се променам, дека сум личноста која сум и дека сум жена која и после се` е самоуверена“.
http://www.youtube.com/watch?v=yOEqbuCF2Ao