
„Тоа се случи во мојата улица во Сараево. За моја среќа, улицата не е прометна, а и човекот возеше со 20 километри на час. Јас не забележав дека автомобилот ми се приближува, бидејќи слушав музика на телелфон и имав слушалки во ушите. Паднав, ја повредив раката и имам модрици на нозете”, изјавил Ќато за весникот „Блиц”.
Откако го удрил автомобилот, тинејџерот отишол во Итната помош, а лекарите му советувале да става облоги и да се одмора.
„Сега сум прилично добро па, по три дена лежење, тргнав во училиште”, изјави Ќато.