
Главната премија во играта Eurojackpot не се падна 11 седмици по ред, синоќа беа извлечени бројките кои биле уплатени во финската престолнина Хелсинки.
Добивката од 57,3 милиони евра досега е највисоката во оваа игра на среќа којашто се организира во 14 европски земји.
Главната добивка џекпот на лотаријата Еurojackpot досега е уплатена 13 пати, и тоа шест пати во Германија, трипати во Финска и по еднаш во Данска, Норвешка, Италија и Словенија.