Хороскопските знаци во сексот

popara29 август, 20141min00
6

Овен

Личностите во знакот на овен се спонтани и неограничени. Сакаат да предизвикаат чувство на невиност кај партнерот со кои го делат креветот. Тие се зависници од освојување и нивните ерогени зони се пределот на главата одновно косата и целото лице. Сакаат предигра и може да се прилично себични во кревет-да се задоволат само себе, без да размислат дали нивниот партнер свршил пред нив или не.

Бик

Допирот и мирисот се извонредно важни за биковите додека водат љубов со своите партнери. Немаат репутација за спонтаност или различност, но се одлични во тоа што го прават. Нивната сексуална издржливост за време на сексот е навистина долготрајна и стабилна, па партнерите кои се во кревет со Бикови можат пријатно да се изненадат.

Близнаци

Близнаците сакаат да зборуваат валкано додека водат љубов. Тие уживаат во бакнувањето, а најслаби точки им се дланките и рамењата. Тие сакаат да играат најразлични улоги за време на предиграта, во која ќе се возбудат заедно со својот партнер и ќе имаат луда и возбудлива ноќ. Сакаат да испробуваат најразлични пози и понекогаш имаат желба да доминираат во кревет.

Рак

Раковите се едни од најчувствителните и слатки љубовници во кревет. Доколку навистина ги сакате, тие ќе ја покажат и нивната “дива“ страна во кревет. Слаба точка им се градите и уживаат кога им ги допирате и бакнувате. Сакаат кога им ги исполнувате сите фантазии, а нивниот стил во кревет е заштитен и смирувачки.

Лав

Лавовите се доста посветени и внимателни. Тие може да направат да се почувствувате како божици или богови. Сакаат да бидат најдобри во кревет, па може да ви ги исполнат сите фантазии и желби. Привлечни се и понекогаш сакаат својата љубов да ја одржат со помош на сексот. Доколку ги задоволите нивните еротски фантазии, ќе ви ги симнат сите ѕвезди додека уживате во нивните прегратки.

Девица

Девиците имаат здрав став кон сексот. За нив сексот претставува здравје и општа благосостојба. Сакаат понекогаш да бидат “робови“ во креветот и уживаат во таа улога. Исто така девиците знаат да бидат селективни, па треба да помине доста време пред да го изберат партнерот со кој ќе поминат луди и возбудливи моменти во креветот.

Вага

Вагата секогаш знае како да го задоволи партнерот. Тие се провокативни, но истовремено и тивки. Имаат потреба за рамнотежа и совршенство кога е во прашање сексот. Сакаат да ги избалансираат работите, па не секогаш доминираат во креветот. Тие сакаат да вложат многу во сексот, но истовремено да добијат дупло повеќе од партнерот. Сексот ги прави среќни и им дава посебен шарм.

Шкорпија

Шкорпијата е една од најсексапилните знакови и тие пренесуваат некоја посебна сексуална енергија. Љубовниците во знакот на Шкорпија делат заеднички интензитет и длабочина во нивните сексуални желби. Тие сакаат да експериментираат и да ги прекршат сите табу теми за сексот. Шкорпиите се подготвени да сторат се, за да уживаат максимално во задоволството кое го нуди сексот. Тие сакаат да се посветат и се доста провокативни. За нив сексот е интимна работа и не често зборуваат со другите за тоа.

Стрелец

За Стрелецот сексот е како спорт. Тие се диретни и сакаат да ги задоволат своите желби и потреби. Сакаат да се забавуваат, па секоја предигра за нив е прифатлива, но сепак не дозволуваат таа да им одземе многу време пред да преминат на главното. понекогаш се малку себични во сексот и сакаат сами да ја бираат локацијата и позата.

Јарец

Љубовниците во знакот на Јарец се јасни и доста атрактивни. Понекогаш сакаат да искусат нови работи, како што е сексот со постари партнери. Се чувствуваат моќни кога се во кревет и сакаат да покажат дека имаат авторитет и да доминираат во кревет. Сакаат да испробуваат нови работи и најчесто сакаат да ја одвојат љубовта од сексот.

Водолија

Кога станува збор за сексот, Водолиите се водат по правилото “земи или остави“. Тие сакаат да експериментираат, па понекогаш ќе прифатат да имаат секс во далечина, преку Интернет или телефон. Сакаат да ги исполнуваат своите фантазии и најчесто ги привлекууваат личности кои внесуваат дополнителна возбуда во спалната соба.

Риби

Рибите ги прифаќаат сите понуди кога е во прашање сексот. Тие сакаат кога една вечер ќе дадат се од себе и максимално ќе го возбудат партнерот, а веќе следната вечер се оладени и не толку возбудени. Тие се многу чувствителни и сакаат кога ќе бидат “жртви“ на сексот. Понекогаш фантазиите им се доста сложени и нејасни, но ќе направат се за да ги исполнат и да ја почувствуваат потребната возбуда во кревет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma