Топ намирници за рамен стомак

popara10 јануари, 20141min00
11

Оние што се борат со слоевите на стомакот веројатно се обиделе со разни трикови и рецепти. Ако се храните умерено, а притоа вежбате и се мачкате со креми, можете дополнително да си помогнете и со правилен избор на храна.

Еве кои намирници треба да бидат на вашата листа.

1.     Зелен чај

Истражувањата покажаа како зелениот чај ги намалува маснотиите околу стомакот за 10% повеќе отколку останатите пијалаци. Го стимулира метаболизмот и го регулира нивото на глукоза во организмот, поради што имате помалку желба за слатки.  Дозволено е четири до пет шолји на ден.

2.     Јајца

Иако порано се сметаше дека јајцата го подигаат нивото на холестерол, неодамнешните истражувања покажаа дека сепак немаат толкаво влијание. Содржат високо-квалитетни протеини и витамин Б12, кој помага во намалување на вишокот масти. Одлично решение за појадок.

3.     Житарици

Ако конзумирате житарици и до неколку пати на ден, ќе ви се подобри метаболизмот и ќе го намалите нивото на инсулин во телото. Нема да имате толкава желба за калорични и слатки производи.

4.     Нискокалорични млечни производи

Збогатете го денот со три до четири пати конзумирање на млечни производи и стомакот ќе ви се намали до 70%. Исто така се намалува и нивото на кортизол, кој е во голема мера одговорен за масните наслаги.

5.     Печурки

Единствен производ кој содржи многу витамин Д, кој е корисен за апсорпција на калциум. Поточно, луѓето со мало количество на витамин Д во организмот имаат повеќе проблеми со трошењето на масните наслаги. Печурките не содржат холестерол и имаат малку калории.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma