Денес секое возило е дизајнирано со одредени ограничувања. Можеби единствениот исклучок од ваквиот стандард е Vision Gran Turismo…
Се’ поврзано со овој модел е подредено на виртуелната реалност, така што дизајнерите можат целосно да се препуштат на својата имагинација и да изнајдат навистина фантастични решенија. Најновиот во низата Vision Gran Turismo, доаѓа од Infiniti.
Претходно беа објавени пар фотографии, а сега Infiniti Concept Vision Gran Turismo може да го видиме и во целосен сјај. Дизајниран е во соработка со компанија од Пекинг, а е управуван од 4,5-литарски атмосферски V8 хибриден систем. Распоредот на тежината на предната и задната оска е идеални 45/55.