
Станува збор за документ издаден кон почетокот на овој месец, насловен како “Оддел за затвореници и женски работи”, а во рамките на истиот детално е објаснето кој се може да биде сексуален роб, кога жената треба да биде претепана и под кои услови е оправдано да се силуваат девојките кои што се уште не се во пубертет.
https://www.youtube.com/watch?v=SbnyqYd3W_0
Милитантите на Исламската држава кои што се борат во Сирија и Ирак ги добиле овие застрашувачки упатства за тоа како да се однесуваат кон сексуалните робинки кои што се држат заробени во борделите и притворите на оваа терористичка група.
Само како потсетување, Исламската држава моментално во Сирија држи околу 5.000 киднапирани жени и деца и истите ги искористува како сексуални робинки.
Поголемиот дел од заробеничките се припаднички на религиозната група Језиди, а биле киднапирани во текот на масакрот во Монт Сијар кон почетокот на август.

Во рамките на правилникот е наведено дека овие жени може секојдневно да бидат затворани и силувани од страна на милитантите, кои може “да ги купат” за мизерни 25 евра.
Правилникот бил објавен на интернет страницата Мemri, а во продолжение прочитајте ги во целост неговите ставки.
1. Што е тоа al-Sabi ?
Al-Sabi е жена од Ahl al-Harb, народот во војна, која е заробена од страна на муслиманите.
2. Зошто е допуштено да се заробуваат al-Sabi жените?
Она поради кое што е дозволено жените al-Sabi да се заробуваат е нивната невера. Неверниците кои што се заробени и доведени во скривалиштата на исламот нам ни се препуштени откако имамот ќе ги дистрибуира до нас.

3. Може ли сите жени неверници да бидат одведени во ропство?
Не се негира дека е дозволено заробување на жените неверници, кои што се разликуваат од останатите, оние родените неверници, како и Еврејките, христијанките и политеистите.
Меѓутоа, забрането е заробување на жените бездомници. Иако консензусот забранува нивно заробување, некои луѓе тоа го сметаат за дозволено. Ние од ИСИС се придржуваме кон консензусот.
4. Дали е дозволен секс со заробеничка?
Дозволено е да се има полов однос со женските заробенички. Семоќниот Алах вели: Успешни се верниците кои што ја чуваат невиноста, освен на својата жена или од заробеничките и робовите, кои се поседуваат и тогаш се ослободени од вината. (Куран 23: 5-6)

5. Дали е дозволен секс со заробена жена непосредно по нејзиното заробување?
Доколку таа е девица, господарот може да има полов однос веднаш со неа откако ќе ја земе во своја сопственост. Меѓутоа, доколку таа не е девица, нејзината матка мора најпрво да се прочисти.
6. Дали е дозволено да се продаваат женските робови?
Дозволено е да се купуваат, продаваат или да се дадат како подарок, затоа што тие се само објект кој не може да се згрижува (се додека тоа не може да предизвика никаква штета).

7. Дали е дозволено да ја одделите мајката од децата во текот на чинот на купување или продажба?
Не е дозволено да ја одвоите мајката од нејзините малолетни деца преку купување, продажба или дарување. Дозволено е да ги одвоите доколку децата се возрасни и зрели.
8. Доколку двајца или повеќе купат женски роб заедно, дали таа е сексуално достапна за секого од нив?
Забранет е сексот со женска заробеничка доколку истата не ја поседува исклучиво еден господар. Оној кој поседува заробеничка во партнерство со други, не може да има полов однос со неа, се додека останатите сопственици не му го продадат или дадат својот удел.

9. Доколку жената во заробеништво затруднела од нејзиниот сопственик, може ли тој да ја продаде?
Доколку таа стане мајка, односно го роди детето, тој не смее да ја продава.
10. Доколку човекот умре, каков е законот во врска со женската робинка која била негова сопственост?
Женските заробенички се распределуваат како делови од неговиот имот, исто како и сите останати делови од наследството. Меѓутоа, таа може да дава услуги, без секс, доколку таткото или еден од синовите веќе имал однос со неа, или пак доколку повеќе луѓе ја наследуваат.

11. Може ли човек да има односи со робинката на својата сопруга?
Човекот не може да има полов однос со робинката на својата сопруга затоа што таа (робинката) е во сопственост на некој друг (сопругата).
12. Може ли човек да бакне робинка на друг сопственик, доколку има дозвола за тоа од него?
Човекот не може да бакнува туѓа робинка затоа што бакнувањето вклучува задоволство, а задоволството е забрането, освен доколку човекот не ја поседува робата.
13. Дали е дозволено да се има полов однос со робинка која се уште не е во пубертет?
Дозволено е да се има секс со робинка која не влегла во пубертет, доколку таа е погодна, подготвена за секс, но доколку не е, тогаш доволно е да се ужива во неа без секс.

14. Кои интимни делови од телото на робинката треба да бидат скриени во текот на молитвата?
Интимните делови од телото кои што мора да бидат скриени во текот на молитвата се истите кои што мораат да бидат скриени и надвор од молитвата, а тоа е се, освен главата, вратот, рацете и стапалата.
15. Може ли робинката да се сретне со непознат маж без превез?
На робинката и е дозволено да ја покаже главата, вратот, рацете и стапалата пред непознат маж, доколку привлекувањето може да се избегне. Меѓутоа доколку меѓусебното привлекување е присутно или постои страв дека истото може да се случи, покажувањето на овие делови од телото е забрането.

16. Може ли две сестри да се земат како робинки?
Дозволено е две сестри да се робинки на ист маж, како и робинка и нејзината тетка, односно сестрата на нејзиниот татко или сестрата на нејзината мајка. Но, тие не може да бидат заедно во текот на половиот однос и, доколку мажот има однос со едната од нив, не може да има сексуален однос со другата, поради општиот консензус.
17. Што е тоа al-‘azl?
Al-‘azl е откажување од машката ејакулација над вулвата кај жената.
18. Може ли човекот да ја користи техниката Al-‘azl со својата робинка?
На човекот му е дозволено да ја користи оваа техника за време на сексот со својата робинка, со или без нејзина дозвола.
19. Дали е дозволено да се тепаат робинките?
Дозволено е да се тепаат робинките како дисциплинско покажување на сила, меѓутоа забрането е брутално претепување, тепање со цел за зголемување на сопственото задоволство или пак измачување. Исто така, забрането е да се повредува робинката во пределот на лицето.

20. Каква е пресудата за робинката која ќе избега од господарот?
Машкиот или женски роб кој бега од својот господар спаѓа во групата на најтешки грешници.
21. Која е земската казна за робинката која бега од господарот?
Според шеријатот на Алах нема казна за робинката која бега од својот господар, но таа се казнува на начин со кој сите останати се обесхрабруваат да го следат нејзиниот пример.
22. Дали е дозволено да се стапи во брак со робинка, Еврејка или христијанка робинка?
Недозволиво е слободен човек да се ожени со муслиманка робинка или робинка Еврејка или христијанка, освен оние луѓе кои што се плашат дека ќе направат грев, а тоа е гревот на блудничење.

23. Доколку маж се ожени со туѓа робинка, има ли право на секс со неа?
На господарот му е забрането да има секс со својата робинка која е омажена за друг маж. Наместо тоа, господарот ги добива нејзините услуги, а мажот може сексуално да ужива во неа.
24. Дали за робинките се применуваат казните од Куранот?
Доколку робинката направи нешто што бара казна, казните од Куранот се спроведуваат над неа.

25. Што е наградата за ослободување на робинка?
Семоќниот Алах во Куранот рекол: “Како ќе знаете дека имате карта за ослободување од пеколот? Доколку ослободите роб!”. Пророкот Мухамед пак рекол: “Кој ослободи верник на Алах, го ослободува секој негов орган од телото од пеколниот оган!”