
Брачните парови во просек се здебелуваат 1,8 килограми во првата година од бракот а дури 6,3 килограми после четири години, објави новото истражување спроведено од медицинското списание Journal od International Medicine-JIM.
Околу 40% од анкетираните парови признале дека се здебелиле 1,8 килограми во првата гофина, а дури 20% околу 2,7 килограми. Само 18% од паровите рекле дека бракот не им влијаел на нивната телесна тежина.
Мажените жени рекле дека малку им смета тоа што се здебелуваат, но доколку и нивните мажи исто така ја зголемуваат нивната тежина воопшто не им е проблем. Научниците толкуваат дека по склучување на бракот, паровите обично се опуштаат и не внимаваат на тоа дали изгледаат витки и привлечни.