
Ова преубаво одморалиште на Азурниот брег не е само обична медитеранска дестинација. Овде, освен уживањето во преубавото море, свежата храна и одличниот ноќен живот, можете да ја посетите и нудистичката област и слободно да се шетате низ градот „како од мајка родени”.
Градчето кое го носи прекарот „гол град”, во текот на топлите летни месеци дневно го посетуваат околу 40 илјади туристи. Понатаму, доколку планирате да го посетите ова место, подгответе 9 евра за влез во означениот дел на градот. Немојте да носите фото-апарат, бидејќи фотографирањето е забрането, како и секој вид непристојно однесување.