Продавал месо од мртви крави и коњи во сендвичара!

popara7 март, 20141min00
dead_horse_again-1

Уапсениот Н.Ј. (35) од Велика Плана е осомничен за кривично дело „производство и ставање во промет на штетни производи” и одреден му е притвор од 48 часа.

Месото од угинатите домашни животни ги обработувал во помошни простории на својата куќа, кои не се регистрирани за таа цел, а Н.Ј. немал одобрување од надлежните органи за обработка на месо, пренесуваат српските медиуми.

Така обработеното место осомничениот го мешал со хемиски супстанци кои ги додавал во месото за да изгледа посвежо, а потоа го продавал во угостителски објект спроти основно училиште.

При претрес на помошните простории во неговиот дом бил најдени речиси тон месо од угинати животни.

Кривична пријава е поднесена против уште четири лица осомничени дека му помагале во обработката и транспортот на месото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *