Избери боја и одреди го својот секс тип

14 декември, 20140
7

Боите во кои што се облекувате или пак едноставно многу ги сакате откриваат детали за вашата личност, но и за вашиот сексуален нагон. Се што треба да направите е да ја изберете бојата која што најмногу ви се допаѓа и да го дознаете психолошко-сексуалното значење кое што се крие зад неа.

Кафена – личности кои се одликуваат со длабоки чувства и кои се чувствителни на туѓите потреби. Уживаат во сексот и секогаш се подготвени за акција. По природа се големи романтичари, кои сакаат потполно да се посветат на водењето љубов. Сепак, ако не ги третирате како што треба лесно може да ви избегаат од рака.

Црвена – страствените љубители на црвената боја лесно се возбудуваат и сакаат предизвици. Кога еднаш ќе се запалат им е потребно долго време додека ја ослободат целата сексуална енергија која ја носат во себе. Затоа многу сакаат да експериментираат, да доминираат во креветот и да ги кршат правилата.

Жолта – оние кои ја избрале жолтата лесно се прилагодуваат на емоциите и ситуациите во креветот. Често имаат тенденција да бидат пасивни и да остават другата страна да го наметне темпото на љубовната игра.

Црна – црната сугерира дека во однос на сексот личноста има променливо расположение. Прави како што налага моментот, не размислувајќи воопшто за тоа.

Сина – за овие луѓе водењето љубов е вистинска уметност. Освен тоа што се верни на своите партнери се препуштаат на сите убавини кои ги нуди сексот. Предиграта е важен дел од сексуалниот однос, нешто што е неопходно за квалитетен и опуштен секс.

Бела – „белите“ имаат многу табу теми поврзани со сексот. Обично водат љубов со згаснато светло, имаат неколку стандардни пози и се традиционални. Не се сакаат експерименти во спалната соба и како од ѓавол бегаат од партнери кои не обрнуваат внимание на својата хигиена.

Сива – сивата боја е знак на неодлучност. Сексот се доживува како обврска која треба да се заврши, но не и да се ужива во неа. Односите им се просечни и најдобро си одговараат со личности кои ја сакаат истата боја.

Розова – вечни деца кои имаат тинејџерски нагон за секс. Жените се кокети, а мажите женкари. Имаат мошне нагласено либидо, па тешко би се снашле во врска во која не им се исполнети основите секс потреби. Уживаат во љубовните игри, но е мошне тешко да им се задржи интересот на само еден партнер.

Зелена – нивниот шарм се крие во невиниот пристап кон сексот. Не се особено вешти во креветот, но се подготвени на сè со цел да го задоволат партнерот. По природа се нежни и верни. Се што треба да направите е да им ја дадете вистинската насока.

Виолетова – пристапот кон сексуалните односи им е софистициран, па пред да се впуштат во секс сè треба да биде онака како што го замислиле. Партнерот може да остане незадоволен бидејќи прво гледаат за себе, а потоа за другите.

Портокалова – оние кои ја сакаат оваа боја имаат бујна фантазија која изгледа како извадок од филмско сценарио. Мажите влечат за коса, а жените плескаат по задникот и гребат. Пресреќни се кога ќе пронајдат партнер кој го поседува истиот ентузијазам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi