Избор на кармин според ликот

popara7 септември, 20141min00
5

Имате ли многу кармини што сте ги купиле, а сепак ретко ги користите, затоа што не ви се допаѓа како ви стојат?Како да ја пронајдете бојата што најдобро ви одговара?

Боја на очи

Бојата на очите може да ви помогне при изборот. Со зелени очи и очи со боја на лешник одговара кармин со боја на цреша.

Со сини очи најдобро одговараат корални нијанси, а жените со кафени очи нека размислат за кармин во пинк боја.

Боја на коса

Стратегија број два е да го прилагодите карминот на бојата на косата.

Со костенлива коса одлично прилегаат розевскасти кон виолетови тонови, додека светло и пепелкасто русата боја одговараат со пинк нијанси. Жените со смеѓа коса (бринетите) имаат повеќе можности, но во принцип, ним им одговараат нијанси на портокалова, црвена или виолетова.

Боја на тенот

Карминот може да се бира во согласнот со тенот. Но, прво треба да се одреди бојата на тенот.

Тоа ќе го направите на следниот начин: погледнете го внатрешниот дел на зглобот на раката на природно светло.

Доколку вените ви се кон сино, вашиот тен е студен и со него одат розеви и виолетови тонови, а доколку е зеленкаст, тогаш вашиот тен е топол, а со него одат боја на лосос, праски и корали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag