Изгледа како обична студентка, но кога ќе ја соблече наметката ја открива долго чуваната тајна

9 октомври, 20140
15
Хелен Дебришајр (22) од англиското гратче Свонзија ги изненадила своите колеги на правниот факултет кога им открила што се крие под нејзината наметка…

Набилдано тело.

Оваа идна правничка интензивно се занимава со фитнес и неодамна освоила награда за мис бикини во Велс,

а паралелно и диплома од факултетот.

Нејзините колеги воопшто не знаеле дека таа води двоен живот,

па за нив бил вистински шок кога ги погледнале фотографиите од нејзиното набилдано тело,

кое цело време го криела под студентската униформа.


Хелен секојдневно напорно работела со цел да се подготви за изборот за мис бикини и вежбала секое утро,

пред да замине на факултет.

Таму седела и ги слушала предавањата како и сите студенти,

но никој немал ниту најмала идеја какви мускули се кријат под нејзината облека.


За да го одржи телото во форма, исхраната на Хелен е врз основа на протеини,

па затоа рибата и пилешкото се наоѓаат на прво место во нејзиното мени.

Иако многу сакала да победи на изборот, таа никако не го запоставила учењето,

па паралелно успеала и да дипломира на правниот факултет при Универзитетот “Edge Hill“.


“Студирав криминологија и право цели четири години,

но истовремено си ја задоволував страста за натпреварување во бикини фитнес”, вели Хелен.

Таа додава и дека не сакала тајната да ја подели со своите колеги, бидејќи се плашела од предрасудите.

“Луѓето веднаш ќе претпостават дека немате мозок, но јас сакам да се развивам и физички и ментално.

Сепак, го криев тоа.

Мора да било шокантно кога луѓето откриле дека всушност не сум заљубена во книгите по цели денови”, вели таа.

Таа вели дека луѓето често помислуваат дека таа се занимава со изборите за убавина кога ќе им спомне бикини фитнес,

но Хелен нагласува дека “нема ништо убаво” во тоа низ кое поминуваат за да победат.


Всушност таа мора да станува секој ден во шест часот за да стигне да вежба пред да оди на факултет.

Но, токму бодибилдингот ја споил Хелен со човекот на нејзиниот живот – Нил Ендрју.


Нил исто така се занимава со бодибилдинг.

Тие двајца заедно се хранат речиси исклучиво со протеини, па за една недела јадат и до 10 килограми пилешко.


“Тоа е животниот стил на кој сме горди и напорно работиме на него”, нагласува оваа паметна билдерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi