Изведено првото пробно возење со лебдечкиот воз со брзина од 500км/ч

17 ноември, 20140
Изведено првото пробно возење со лебдечкиот воз со брзина од 500км/ч
Помеѓу јапонските градови Уенохара и Фуефуки неодамна е изведено првото пробно возење со супер брз воз, кој се движи лебдејќи над шините.

На првото возење кое било отворено за јавноста, ултра модерниот воз постигнал брзина поголема од неверојатни 500 километри на час.

Неверојатниот воз користи магнетска левитација, а при првото официјално возење, само 100 среќни патници можеле да уживаат во “пишувањето на историјата”. Краткото патување, од околу 40 километри, било искуство кое што тие велат дека ќе го паметат засекогаш.

Инаку, супер брзите јапонски возови најчесто се движат со брзина од 320 километри на час, а пробните возења со овој воз ќе продолжат да се изведуваат во текот на следните осум дена.

Не е познато кога истиот би требало да биде пуштен во редовниот сообраќај, но се знае дека секој од ваквите возови би требало да има по 16 вагони и истите ќе може да превезуваат околу 1.000 патници.

https://www.youtube.com/watch?v=JZyzt6B5ZlE#t=42

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş