Најбрзата BMW 6 серија во светот

17 ноември, 20140
Најбрзата BMW 6 серија во светот
Германската тјунерска компанија PP-Performance ја претстави својата модифицирана изведба на моделот BMW M6 Gran Coupe која накратко е опишана како најбрзата серија 6 во светот…

Оваа изведба на М6 Gran Coupe е исто така придвижувана од 4,4-литарскиот bi turbo V8 мотор, но за разлика од стандардниот модел кој испорачува 412 kW (560 КС) и максимален вртежен момент од 680 Nm, агрегатот сега развива 588 kW или 800 КС и максимален вртежен момент од 950 Nm.

Ваквото зголемување на ефикасноста ќе чини 14.999 евра (без ДДВ), а истото е постигнато со помош на различни механички и електронски додатоци на моторот, но и на други делови, како на пример издувниот систем.

Благодарение на модификациите на PP-Performance, М6 Gran Coupe ќе достигнува максимална брзина од 328 km/h, додека официјални податоци за забрзувањето до 100 km/h засега нема. Сепак, се верува дека ќе се работи за значително подобар резултат од стандардниот модел, кој до „стотка“ забрзува за 4,2 секунди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş