
Еден маж од Одеса ја фрлил својата баба од прозор на третиот кат. Како што известуваат руските медиуми, бабата за среќа преживеала со полесни повреди.
После инцидентот тој се заклучил во станот и викал од балконот. Причината за ваквото однесување се крие во тоа што насилникот неодамна раскинал со девојката после што почнал да се однесува непресметливо.
Полицијата најпрво се обидела да преговара со него, со цел мирно да се реши ситуацијата. Меѓутоа кога тој одбил, упаднале во станот, го врзале и притвориле.
Пред извесно време мојот син раскина со девојката со која беше во врска 12 години. Престана да оди на работа, почна да се дружи со чудни луѓе. Изгледаше како да се дрогира или како член на некоја секта – изјавила мајката на насилникот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=KsBxiXwwIok
httpv://www.youtube.com/watch?v=n3XL5LgrfSs