
После електронската цигара, на ред дојде и електронски џоинт, а идејата потекнува, како што може и да се претпостави, од Холандија.
Холандската компанија E Njoint BV го создала првиот електричен џоинт на светот.
Станува збор за еднократен производ наменет за журки, музички настани, барови, клубови и други слични настани.
Во моментот се произведуваат 10 000 еднократни електронски џоинти дневно кои можат да се купат ширум Холандија, а наскоро и во останатите земји во Европа.
Холандија е позната во светот како толерантна и либерална земја во поглед на лесни дроги, а воведувањето на овој нов производ претставува јасна порака: Се е океј додека не пречите и не ги загрозувате другите и останувате во рамките на законот и прописите – изјавил генералниот директор на фирмата.
