Ја накодошил девојката на дечкото дека го изневерува, иако не го познава

12 декември, 20140
6

Еден дечко по име Лај од Детроит бил на локален американски фудбалски натпревар  каде забележал пред него како девојка се допишува со некој дечко.

Девојката дошла со дечкото на овој настан, но цело време се допишувала со друг, поради што Лај почувствувал потреба да се вмеша во целиот настан. Кога забележал дека таа му испратила порака на извесен Џејсон, во која напишала дека едвај чека да го види, тој му оставил порака на дечкото што бил со неа.

– Брате, ние не се познаваме, но кога ќе се вратиш дома провери го телефонот на твојата девојка. Му напиша на некој Џејсон дека едвај чека да го види и да го помине цел ден со него. Чувај се, ти посакувам се најдобро и среќен Ден на благодарноста! – стоело во пораката.

Добронамерниот Лај му ја дал оваа порака на крајот од натпреварот и му кажал да ја прочита кога ќе стигне дома, а потоа ја споделил оваа приказна на Facebook.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi