Ја силувале седум мажи, додека нејзиниот дечко им кажувал што да прават

popara26 ноември, 20141min00
7
Џеки е девојка која преживеала групно силување на прослава на братството „Phi Kappa Psi“ во Универзитетот во Вирџинија, а својата потресна приказна ја раскажала за магазинот „Rolling Stone”.

Девојката, која неказнено ја силувале седум членови на престижно братство на еден од американските факултети во детали ги раскажала случките таа кобна ноќ.

Џеки на прославата како бруцош, ја поканил згоден студент од трета година, кој го запознала додека заедно работеле на базен. Откако ја однел на вечера, ја поканил на прославата на престижното братство, поради што била многу возбудена. Се подготвувала три часа за претстоечкиот настан. Одбрала црвен фустан и долго време ја чешлала својата долга коса.

Забавата започнала токму како што се надевала. Но, не проголтала ниту голтка од пунчот кој нејзиното ново момче ѝ го понудил, туку го исплукала на подот, ама тој не забележал.

Потоа, ја повикал да одат на горниот спрат, „каде што било потивко“. Таа, не сомневајќи се во ништо, се качила со него по скалите и завршиле во една мрачна соба. Штом влегле внатре почувствувала страв. Ништо не можела да види, но чувствувала мирис на марихуана.

Се обидела да го повика момчето, но наместо него, над неа скокнало нечие тешко тело. Некој ја турнал на стаклената маса, која пукнала под нивната тежина. Таа помислила дека станува збор за шега, дека некој ќе го запали светлото и се ќе биде во ред. Но, тоа не се случило.

„Замолчи“ – викнал некој, додека таа го чувствувала тешкото тело врз себе и друга личност која се наведнала над неа. Некој ѝ ставил рака преку устата, која таа ја гризнала, па потоа силно ја удрил. Сите почнале да се смеат. „Зграпчи ѝ ја е***ата нога“, викнал некој трет.

Џеки три часа ја силувале седум мажи, додека нејзиното „момче“ и уште една личност им давале упатства што да прават. Кога дошол редот на последниот, таа го препознала. Тоа бил нејзин колега од часовите по антропологија.

Изгледало дека ќе заплаче или поврати, додека им кажувал на другите дека не може да добие ерекција. „Пи**о! Што е, не е доволно згодна за тебе? Сакаш ли да станеш член на братството? Сите моравме да го сториме тоа, па мораш и ти“, почнале да го напаѓаат другите момци, а потоа некој му додал пивско шише.

Џеки го гледала својот колега со преколнувачки поглед, но тој сеедно го зарил пивското шише длабоко во неа, а потоа таа паднала во полусвесна состојба во која нејзиниот дух го напуштил телото под себе кое крварело.

Кога дошла при свест била сама. Прославата се уште траела. Никој не изреагирал кога боса, со претепано лице и крвав фустан се довлекла на приземје.

Ги повикала своите пријатели, кои веднаш дошле на аголот од улицата, каде што ја нашле како се тресе. Само на еден нејзин пријател првата реакција му била да повика полиција. Останатите двајца сметале дека тоа е најлошото нешто што можат да го направат.

Што ако веќе никој никогаш не ги покани на забава? Братството било многу моќно и тоа би можело да значи крај за животот на Џеки на факултетот. Ја наговориле да молчи за тоа што ѝ се случило. Една година подоцна, таа го пријавила случајот кај деканот, но ништо не се случило, бидејќи и тој бил член на братството.

Џеки ја раскажала својата потресна приказна за магазинот „Rolling Stone” и се посакува да собере доволно храброст за да поднесе кривична пријава. Но, се чувствувала парализирана. „Се чувствувам како да сум во сопствен затвор. Се плашам дека ова ќе биде крајот на мојот живот“, вели таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag