Кафетерија за поштени: Сам се послужуваш и плаќаш колку што треба

popara3 јули, 20141min00
Кафетерија за поштени: Сам се послужуваш и плаќаш колку што треба

Ако некогаш се најдете во Северна Каролина и наидете на кафетеријата The Vault веднаш ќе забележите дека има нешто необично: овде нема вработени.
Ова е самопослуга која функционира исклучиво потпирајќи се на чесноста на луѓето кои го посетуваат местово. Сами си подготвувате кафе или чај, си земате пециво, компирчиња или сладолед, погледнувате колку чини во ценовникот и оставате пари на пулт. Постои и читач за картици.
Она што е неверојатно е тоа дека луѓето навистина се поштени. Кога ќе избројам колку пари има на крај на денот, редовно се случува да најдам 15% повеќе од парите изразени на ценовникот – вели Дејвид, сопственик на кафетеријата.

httpv://www.youtube.com/watch?v=KAC64bgRhqU