
Се прашувате што јадат слабите луѓе? Не, не станува збор за овошје и зеленчук, иако тие се основата за здрава и правилна исхрана.
Експертите од од универзитетот Харвард ги анализирале навиките во исхраната кај 7173 лица. Дошле до заклучок дека луѓето кои конзумираат млечни производи најчесто имаат понизок индекс на телесна маса, а специфично е тоа дека луѓето кои барем два пати дневно јадат млечни преработки имаат помали шанси да се здебелат од оние кои намирниците ги конзумираат поретко.
Млекото најмногу влијае на ширината на струкот. Луѓето кои млеко конзумираат на дневна база имаат мали шанси да се здебелат. Сепак млекото не треба да содржи повеќе од 3,4% млечни масти.
Што се однесува на останатите млечни производи, јогуртот често се доведува во врска со губењето на килограми и тоа поради калциумот. Калциумот е клучна состојка за одржување на витка линија бидејќи овој минерал може да го активира и забрза процесот на топење масни наслаги во пределот на куковите.
Затоа внесете млечни производи со низок процент масти во вашата секојдневна исхрана и сигурно ќе ја добиете битката со вишокот килограми. Протеините ќе ве заситат, а калциумот ќе ги стопи масните наслаги.