Како да го избегнете Facebook Messenger

10 септември, 20140

Facebook Messenger стана задолжителна мобилна апликација за секој корисник на смартфон доколку истиот сака да продолжи да четува со пријателите преку мобилниот уред.

Апликацијата доби негативни оценки и е една од апликациите со најмали оценки на пазарот по што хакерите веќе започнаа да бараат начини како да ја заобиколат.

Корисниците на iPhone можат да ја избегнат „озлоглаената“ апликација барем привремено на интересен начи. Имено, прифатите јаапликацијата кога Facebook ќе ви ја побара, т.е отидете во App Store и почнете со нејзино преземање, а потоа на сред пат откажете нејзината инсталација.

Трикот засега делува, но веројатно е само прашање на време кога Facebook ќе го исправи пропустот.

Втор начин за избегнување на апликацијата е користење на Facebook во мобилниот прелистувач.

Иако некои од корисниците се незадоволни од оваа промена, Facebook вели дека Messenger ќе биде подобра за сите бидејќи праќањето пораки ќе биде побрзо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş