Сакате да освоите некоја личност и да ѝ кажете дека ви е важна. Дознајте што ѕвездите препорачуваат да кажете, за да не бидете погрешно сфатени.
ОВЕН: Тебе не е возможно човек да не те забележи, толку си посебен/а, енергијата зрачи од тебе. Чувствувам дека ќе бидеме одличен спој.
БИК: Во твоето брзање насекаде, изгледаш како секогаш да знаеш што правиш, толку си смирен/а. Сакам заедно да најдеме мир и да уживаме во него.
БЛИЗНАЦИ: Изгледаш многу помлад/а, ме изненади кога кажа колку години имаш, твојата свежина на телото и душата ме воодушеви. Имаме многу да си кажеме еден на друг, го чувствувам тоа.
РАК: Барам љубов за цел живот, а чувствувам дека ја бараш и ти. Сакам сѐ што имаме да делиме и да бидеме посветени еден на друг во секој момент.
ЛАВ: Имаш премногу шарм, многу луѓе те посакуваат, но јас во тебе гледам длабоки чувтсва и желба многу да дадеш и пружиш.
ДЕВИЦА: Мојот разум и срцето ми кажуваат дека сме створени еден за друг. Толку сме слични и секогаш имаме заеднички теми за разговор. ВАГА: Мислам дека заедно сме две половини на целото. Ако не пробаме може многу да зажалиме за пропуштената можност.
СКОРПИЈА: Од тебе зрачи таква страст на која не можам да ѝ одолеам, сонувам како сме поврзани со некоја мистична врска и телепатски те чувтсвувам.
СТРЕЛЕЦ: Не сакам цело време да бидеме заедно, се разбира дека треба да имаме слобода. Ќе бидам трпелив/а и ќе чекам да ми се јавиш.
ЈАРЕЦ: Сакам класична врска и одговорност кон личноста која ми е партнер. Мислам дека си најјаката личност која ја познавам.
ВОДОЛИЈА: Тебе не е секогаш лесно да те разберат, но јас ќе дадам сѐ од себе. Се воодушевувам на твојата оригиналност и сакам врската да ни биде поинаква од сите клишеа кои ги знам.
РИБИ: Мислам дека сме си се барале во предходните животи, немој да ја пропуштиме и оваа шанса да бидеме заедно.