Едно неодамнешно истражување покажало дека припадничките на понежниот пол првиот секс го сметаат за показател дали врската ќе успее или не. Еве во што треба да бидете добри за да ја задржите девојката:
Вистинско време за секс
Истражувањето покажало дека жените сакаат секс со некого дури после осмиот состанок. Како да знаете дека дошло вистинското време ? Жената секогаш дава зелено светло, односно обезбедува потполна приватност за двајцата. Доколку таа ве викне на вечера дома, и ви каже дека ќе биде сама дома, тоа е многу јасен показател дека очекува нешто повеќе од само вечера.
Бакнувајте се
Жените сакаат да се бакнуваат. Притоа, на тој начин им покажувате дека не сте заинтересирани само за секс. Само една од седум жени се впуштила во секс без предигра. Бидете шмекери, гушнете ја партнерката и бакнувајте ја нежно.
Нека вашата рака оди малку подолу
Барем 15 минути бакнувајте се и галете се пред да преминете подолу… На многу жени им е потребно околу осум минути за да се возбудат и да ја посакаат вашата рака долу. Почнете полека, а кога ќе помине одредено време спуштајте ја вашата рака кон нејзините најчувствителни делови.
Гледајте ги нејзините реакции и реагирајте согласно нив. Ако таа ви дава одобрение, бакнувајте ја сѐ подолу и подолу. Жените сакаат орален секс.
Секс пози
Многу жени сметаат дека 10 до 20 минути е иделано време за секс. Исто така, околу 66% од жените признале дека на почетокот од врската не сакаат многу експерименти, туку сакаат еднставни секс пози.
Добар крај
Доколку навистина сакате да бидете со девојката, после сексот дајте и до знаење дека од неа не сте сакале само секс. Повеќето жени сакаат барем 20 минути нежности после сексот. Чешкање по косата или галење по телото нема да ве чини ништо, а може многу да добиете со тоа. Исто така, најголем број од жените сакаат партнерот со кој биле да им се јави следниот ден, затоа задолжително побарајте ја.