Зошто за мажите жените со долга коса се најатрактивни?

popara10 април, 20141min00
9
Секако дека должината на косата не игра пресудна улога при изборот на животна сопатничка или партнерка за врска, но оваа студија се обидува да докаже дека должината на косата сепак игра некаква улуга, а и ќе ви покаже зошто…
Иако кратката коса веќе подолго време е во мода, мажите попрво ќе и стават прстен на раката на жена со долга коса, се наведува во резултатите од новата студија.

Испитаниците во истражувањето биле мажи и жени кој одговарале на прашањето која фризура најмногу ја сакаат. Дури 74 % од мажите сметаат дека жените со долга коса се најатрактивни.

Исто така, кога ги запрашале да опишат топ квалитети кои треба да ги поседува жената со долга коса, тие прво наведуваат: да биде секси, забавна, млада и материјал за сопруга.

Како што е познато косата го отсликува карактерот на една личност, при што кратката коса ја истакнува забавната страна кај личноста, но во студијата се наведува дека многу фактори освен косата влијаат на машкото размислување.

Поентата е во идеалот на жената кој секој маж го има во својата глава.

Инаку за жените кои имаат долга коса се смета дека се мирни, конзервативни, и го ценат духовното спокојство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag